Луѓето со топли раце се повеќе склони кон кооперативно однесување, отколку оние со студени. Такви се заклучоците од експерименталното истражување на група психолози под водство на Симон Стори и Ленс Уоркман од Универзитетот на Јужен Велс (Велика Британија).
Во основата на експериментот легнала позната задача, овозможувајќи да се измери склоноста на човекот кон соработка – таканаречената дилема на соработникот, експеримент, во текот на кој волонтерот избира да соработува или да ги извршува задачите исклучително од свој интерес.
На половина од учесници претходно им било дадено да ги стават рацете на жешка површина и да ги задржат жешки, а на другата половина – студени, па тогаш им предложиле да исполнат задача која ја предизвикува познатата дилема.
Откако сите доброволци (над 60 лица) ја исполниле задачата на експериментот, се покажало дека оние кои претходно држеле топло, покажале поголема подготвеност да соработуваат, отколку оние кои држеле ладен предмет во своите раце.
Проф. Воркман кој го објавил истражувањето на 8 мај на конференцијата на Британското психолошко општество во Бирмингем, ги објаснува неговите резултати со тоа што според некои добиени до денес податоци областа од мозокот е одговорна за „меѓучовечката топлина”, еволутивно се формирала како надградба, изведена од областа која одговара за перцепцијата на физичка топлина.
Трговијата и услугите одамна го откриле овој начин, за да влијаат врз одлуката на потенцијалниот клиент – истакнува професорот. Чашата кафе или чај, кои се нудат на клиентите, ја зголемуваат веројатноста од извршување на купувањето. Се верува дека клиентот во овој случај има можност да добие нешто бесплатно, но причините може да лежат и подлабоко, на ниво неврофизиологија, вели Воркман. Бидејќи чашата кафе не е ништо друго освен жежок предмет, со кој потенцијалниот клиент ќе си ги загрее рацете.