Топлата чоколада има подобар вкус во портокалова шолја

Шолјите со портокалова и со крем-боја дефинитивно прават чоколадата да биде повкусна, додека црвените и белите шолји не го подобруваат вкусот на овој топол пијалак, откриле научниците. Ова истражување повторно покажува дека на сетилата за вкус влијаат видот и различните бои.

Во истражувањето биле вклучени 57 учесници. Нивна задача било да пробаат ист вид топла чоколада сервирана во четири различни шолји, односно бела, кремаста, црвена и портокалова.

Резултатите биле едноставни, сите испитаници сметале дека топлата чоколада во портокаловата и во кремастата шолја била повкусна, иако во шолјите со другите две бои бил сервиран идентичен пијалак. Некои од нид дури сметале дека чоколадата во кремастата боја била послатка и поароматична.

Веќе знаеме дека бојата на храната влијае на перцепцијата на вкусот. Зачинетата храна, на пример, може да се доживее како полута, ако бојата на храната е поцрвена. Амбалажата на храната, исто така, може да влијае на нејзиниот вкус, иако овoj процес засега не е целосно јасен. [Hot chocolate tastes better in orange cup]

- Реклама -