Сајтовите за обложување веќе на големо прогнозираат која песна ќе ја однесе победата на овогодишната Евровизија.
Главен фаворит моментално е Шведска, а веднаш зад неа се Италија, Естонија, Финска и Словенија.
Нашиот претставник, Даниел Кајмакоски ќе ја изведе песната „Есенски лисја“ („Autumn Leaves“) на англиски, а моментално е рангирана дури на 35-тото место на листата на најверојатни победници на Евровизија 2015 година.
Видео: Објавен спотот за евровизиската песна на Кајмакоски
Според еден сајт кој собира облози, доколку се обложите дека Даниел ќе победи ќе освоите дури речиси 600 пати повеќе пари од што сте вложиле.
Еве ги песните кои моментално се најголеми фаворити:
Måns Zelmerlöw – Heroes – Шведска
Il Volo – Grande amore – Италија
Elina Born & Stig Rästa – Goodbye To Yesterday – Естонија
Pertti Kurikan Nimipäivät – Aina Mun Pitää – Финска
Maraaya – Here for You – Словенија
Но, до Евровизија, која оваа година ќе се одржува од 19 до 23 мај во Виена има повеќе од два месеци, а со тоа и доволно време да се сменат работите.