Дијаманти, платина, хронографи и календари се само дел од елементите кои часовничарите ги користат за да ги создадат најретките и најскапи часовници.
Hublot – Million $ Black Caviar Bang
Цена: 1.000.000 долари
Овој часовник е направен од 18 каратно бело злато, и е украсен со 544 дијаманти со вкупна тежина од 34,5 карати.
Jacob & Co – Crystal Tourbillion
Цена: 900.000 долари
Овој проѕирен часовник има прстен од 18 каратно бело злато, украсен со 17,48 карати дијаманти. Ременчето е од кожа од алигатор а се закопчува со дијамант од 2,22 карати. Компанијата направила само 18 примероци.
Audemars Piguet – Jules Audemars Grande Complication
Цена: 780.600 долари
Овој часовник кој самиот се навива има титаниумско тело, и е опремен со календар, ги покажува часовите, минутите, деновите, датумот, неделата, месечевите фази, месецот и престапните години. Часовникот има ременче од крокодилска кожа и е достапен само во еден бутик во Њујорк.
Bregeut – Classique 5349 Grande Complication
Цена: 755.000 долари
Овој часовник има тело направено од платина, врамено со дијаманти. Лицето на часовникот исто така е обложено со дијаманти. Часовникот има повеќе од 570 подвижни делови и три патенти ги штитат неговата „супериорна прецизност и технолошко мајсторство“.
Omega – Constellation Baguette
Цена: 708.742 долари
Овој часовник кој е достапен само во бутикот на Омега во Женева има тело од 18 каратно бело злато, а неговото лице е целосно прекриено со 146 дијаманти. Часовникот е украсен со вкупно 459 дијаманти кои тежат малку повеќе од 30 карати.
Vacheron Constantin – Malte Tourbillion Regulator
Цена: 700.000 долари
Овој часовник е украсен со 537 дијаманти и ременче од црна кожа. Телото на часовникот ја има класичната „буре“ форма по која е позната Malte колекцијата.
Greubel Forsey – Quadruple Tourbillion
Цена: 690.000 долари
Овој часовник има асиметрично тело од платина во кое се сместени 531 подвижни делови.
de Grisogono – Meccanico dG S25D
Цена: 590.000 долари
Постојат само 20 примероци на овој часовник. Телото направено од 18 каратно розово злато украсено со 126 дијаманти. Часовникот покажува две временски зони, има аналоген и дигитален приказ и е водоотпорен до длабочина од 30 метри.
A. Lange & Sohne – Tourbograph “Pour le Mérite”
Цена: 508.900 долари
Постојат само 50 примероци на овој часовник направен од злато. Часовникот може да биде купен во Њујорк, Дрезден, Шангај и Токио.
Chopard – Secret
Цена: 508.000 долари
Овој часовник има квадратно тело обложено со дијаманти, сатенско ременче обложено со дијаманти кое се закопчува со дијаманти. Chopard има произведено само два примероци.