Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2019 година според кои таа изнесувала 25.726 денари, што е зголемување за 3,7 отсто во однос на истиот месец минатата година.
Податоците на ДЗС откриваат дека во некои дејности просечната плата е неколку пати повисока од државниот просек.
Убедливо највисока е просечната плата во секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ каде во октомври таа изнесувала 60.899 денари.
На второ место е секторот „производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ со просечна плата од 46.713 денари, а на третото место секторот „воздухопловен транспорт“ со просек од 45.683 денари.
Следуват секторите „финансиско-услужни дејности“ (44.345 денари) и „телекомуникации“ (40.153 денари).