Топ 100 најчудни сајтови

w8Чудни кукли, уметност на тостови, патување низ времето, чудни знаменитости и уште еден куп бизарни работи од целиот свет сублимирани во 100-те најчудни вебсајтови на светот. Прочитај повеќе ве носи до листата.

 

1. Чудни кукли

w1

 

 

 

 

  

Ако ви се допаѓа Чаки, тогаш ова е вашиот сајт. Можете и да си купите кукла ако имате кредитна.

2. Досадни луѓе

w2

 

 

 

 

 

Дали сте заинтересирани за ефикасноста на носачите на вашиот багаж? Дали сакате да најдете подобар начин за одмрзнување на ветробрановото стакло на вашата кола? Ако да, тогаш вие сте досадна личност, а ова е сајтот за вас.

3. Чудни туристички атракции

w3

 

 

 

 

 

Не заборавајте да ја посетите Кулата од дрвени палети.

4. Духови

w4

 

 

 

 

 

Огромен сајт за духови каде лесно може да бидете исплашени. Пратете и вие слика од вашиот дух.

5. Чудни рецепти

w5

 

 

 

 

 

Сајт посветен на навистина чудни рецепти кои луѓето всушност ги јадат. Кафе со сирење? А може ли тост со грашок? Американска работа.

6. Секси Руси

w6

 

 

 

 

 

Секси облека, долен веш и сите пропратни работи за да изгледате привлечно во Русија.

7. Уметност со тостови

w7

 

 

 

 

 

Познати личности и апстрактни дела пресликани на прегорен леб. Во Нов Зеланд богами имаат многу слободно време.

8. Чудни слики

w8

 

 

 

 

 

Некои се смешно, некои бизарни, но може да кажеме дека овој сајт ја има најголемата колекција на чудни слики на мрежата, вклучувајќи го и овој човек кој може да го протне прстот преку нос се до окото. Одвратно!

9. Кругови во полиња

w9

 

 

 

 

 

Натприроден феномен, креативно дело на пијани фармери или пак знак за постоење на НЛО-а?

10. Патување низ времето

w10

 

 

 

 

 

Џон Титор тврди дека патувал низ времето и дека доаѓа од 2036-та година. Многу луѓе му веруваа. Сега тој се врати повторно во иднината, а некои од неговите пророштва почнуваат да се остваруваат…

 

Доколку сакате да ги погледнете преостанатите 90 чудни сајтови на листата, кликнете овде. 

- Реклама -