Чудни кукли, уметност на тостови, патување низ времето, чудни знаменитости и уште еден куп бизарни работи од целиот свет сублимирани во 100-те најчудни вебсајтови на светот.
Ако ви се допаѓа Чаки, тогаш ова е вашиот сајт. Можете и да си купите кукла ако имате кредитна.
Дали сте заинтересирани за ефикасноста на носачите на вашиот багаж? Дали сакате да најдете подобар начин за одмрзнување на ветробрановото стакло на вашата кола? Ако да, тогаш вие сте досадна личност, а ова е сајтот за вас.
Не заборавајте да ја посетите Кулата од дрвени палети.
Огромен сајт за духови каде лесно може да бидете исплашени. Пратете и вие слика од вашиот дух.
Сајт посветен на навистина чудни рецепти кои луѓето всушност ги јадат. Кафе со сирење? А може ли тост со грашок? Американска работа.
Секси облека, долен веш и сите пропратни работи за да изгледате привлечно во Русија.
Познати личности и апстрактни дела пресликани на прегорен леб. Во Нов Зеланд богами имаат многу слободно време.
Некои се смешно, некои бизарни, но може да кажеме дека овој сајт ја има најголемата колекција на чудни слики на мрежата, вклучувајќи го и овој човек кој може да го протне прстот преку нос се до окото. Одвратно!
Натприроден феномен, креативно дело на пијани фармери или пак знак за постоење на НЛО-а?
Џон Титор тврди дека патувал низ времето и дека доаѓа од 2036-та година. Многу луѓе му веруваа. Сега тој се врати повторно во иднината, а некои од неговите пророштва почнуваат да се остваруваат…
Доколку сакате да ги погледнете преостанатите 90 чудни сајтови на листата, кликнете овде.