Топ 10 славни и пијани (видеа)

Повеќе...

Да се биде дел од Celebdom, треба да си роден со моќ да привлечиш внимание, самодоверба и да си полн со елан. Но, кога ќе се помешаат сите овие состојки со алкохол или дрога, и тоа го закачиш на телевизија, лоши работи се случуваат. Славата е краткотрајна кога се прават долготрајни испади. 

Да се биде дел од Celebdom, треба да си роден со моќ да привлечишвнимание, самодоверба и да си полн со елан. Но, кога ќе се помешаатсите овие состојки со алкохол или дрога, и тоа го закачиш нателевизија, лоши работи се случуваат. Славата е краткотрајна кога сеправат долготрајни испади.

10. Tara Palmer-Tomkinson
Британската дама TPT ја заработи својата титула за понизност кога гостуваше во шоуто на Frank Skinner во 1995 година. Оваа млада, шармантна самопрогласена лоша девојка си дозволи да се опушти пред камерите и да направи каша од нејзиниот снобовски говор. 
{youtube}6TzeqNPmTZM{/youtube}
9. Danny Devito
Како резултат на бурната ноќ помината со Gorgeous George Clooney, деминутивниот Devito во неговото појавување на "The View" во 2006, Буш и Белата Куќа ги нарече "чукнати снобови", но за среќа со малку подбуцнување од Rosie O’Donnell, Danny отиде со неговата гордост и кариера – недопрени.
{youtube}46wakJ8oggM{/youtube}
8. Steve-O
И покрај неколкуте цензури и пакости што ги направи во "Too Late" на Adam Carolla, Steve-O се најде на 8та позиција бидејќи не само што се појави пијан пред камерите туку затоа што од него тоа и се очекување.
{youtube}rafFvbCf4Y{/youtube}
7. Paula Abdul
За откачената Paula која ни водителот не ја разбрал што зборува, дефинитивно најдобро би било да се оправда дека е болна отколку нефокусирано да се нишка на столчето, и да се правда дека била грабната од вонземјани.
{youtube}nIor54tcFGM{/youtube}

6. Sharon Osbourne
На Британската Принцеза на Темнината како да и беше платено да му се фрла во прегратките на нејзиниот колега судија Simon Cowel од Idol во гостувањето на X-Factor. Што мислите, што би направил г-ин Cowel да беше и тој пијан?
{youtube}Rha73HbvypM{/youtube}
5. Ben Affleck
Налокан со Tequila, Ben го претвори ова наивно интервју на Anne-Marie Losique во меко порно, тотално заборавајќи да го промовира својот нов филм, додека пак репортерката од Џерси си продолжи да си седи "заробена" во неговиот скут.
{youtube}fNcnkDwK4ak{/youtube}
4. David Hasselhoff
ОК, г-н Hoff всушност и не се појави пијан пред камерите туку овој хаотичен видео запис беше објавен од неговата ќерка која очајно се обидува да ги заузда неговите лудории. Не е тајна дека бившиот чувар на плажата обожава да се напие и малку повеќе, тоа и од авион може да се забележе, но клипот ги остава гледачите да не знаат дали да се смеат или да плачат.
{youtube}QH3JAp7vMuo{/youtube}
3. Anna Nicole Smith
Каква развлечена најава за Кanуe West на American Music Awards во 2004! Можеби оваа заводничка за пари и не била пијана, можеби била само плавуша.
{youtube}6uRN4aPsKXo{/youtube}
2. James Brown
Најапсурдното пијано телевизиско појавување на откачениот Крал на соул музиката, кој одбиваше (не)вешто да одговори на прашањата во врска со отфрлените изјави дека пукал во тогашната сопруга затоа што не сакала да оди со него на турнеа. 
{youtube}9tfNhL_R_rI{/youtube}
1. Britney Spears
Па секако дека Britney е на првото место, само маката е кое видео да се избере? Откако претходното искуство со косата на кутрата Britney беше фатено на камера и инстантно раширено низ светот, вистинската проѕирност на оваа падната ѕвезда лежи во следниот видео запис од страна на нејзиниот екс сопруг Kevin Federline. Таа неодамна се врати на сцената благодарение на милоста на публиката, засега…
{youtube}H380i0yuy8s{/youtube}
- Реклама -