Факт е дека и рекламите се дел од филмовите се додека главниот јунак во блокбастерот носи некаква марка патики или вози некој познат бренд на автомобил. Следниот логичен чекор во маркетингот е наместо да плаќаат главниот лик да го носи и така да го рекламира нивниот производ,режисерот да добие еден куп пари за да режира реклама за него. Резултатите се кратки филмчиња на режисерите кои барем се потрудиле да ги претворат рекламите во уметност,еве топ 10 такви реклами кои вреди да се погледнат.
Факт е дека и рекламите се дел од филмовите се додека главниот јунак во
блокбастерот носи некаква марка патики или вози некој познат бренд на
автомобил. Следниот логичен чекор во маркетингот е наместо да плаќаат
главниот лик да го носи и така да го рекламира нивниот
производ,режисерот да добие еден куп пари за да режира реклама за него.
Резултатите се кратки филмчиња на режисерите кои барем се потрудиле да
ги претворат рекламите во уметност,еве топ 10 такви реклами кои вреди
да се погледнат.
10. Реклама за PlayStation 2:„THE THIRD PLACE“ (2001),режисер: DAVID LYNCH
Откачено линчовски,иако повеќе од сигурно е дека огромниот успех на ps2 конзолата не се должи во голема мера на рекламава.
David Fincher,режисерот на Fight Club или Боречки клуб ја започнал својата кариера како режисер на реклами и никогаш потполно не прекинал со тоа. Направил реклами за Levis, Nike и неговата можеби најпознатата и најефективна-рекламата за Американското Здружение за борба против ракот со фетус кој пуши цигари.Оваа реклама за Adidas доби награда за визуелни ефекти.
Култната реклама за Apple Macintosh режирана од Ridley Scot,кратко после откако стана познат по неговиот незаборавен дистописки SF Blade Runner,инспирирана од орвеловата „1984“ (што е многу очигледно),беше номинирана за реклама на декадата и иако беше прикажана само еднаш(!) им помогна на Apple да направат еден куп пари. Погодете кој е Големиот брат;).
Интересна реклама направена како трејлер на филм со Benicio Del Toro во главна улога,кој во суштина не постои. Упс, го расипав изненадувањето:).
Холивудскиот бунтовник Spike Jonze за оваа реклама беше номиниран за титулата Извонредно достигнување во областа на рекламите, а неофицијално беше нарекувана-дело на гениј. Погледнете зошто.
{youtube}de4kBBYdtT4{/youtube}