Топ 10 најпривлечни филмски изуми

duff_Во филмовите не секогаш има генијални и досетливи направи кои изгледаат возможни во блиска иднина. Многу од нив се и апсолутно глупави и смешни, во прилог на филмот. Следи листа на 10-те најинтересни и најпривлечни филмски изуми.


Во филмовите не секогаш има генијални и досетливи направи кои изгледаат
возможни во блиска иднина. Многу од нив се и апсолутно глупави и
смешни, во прилог на филмот. Следи листа на 10-те најинтересни и
најпривлечни филмски изуми.


Пиво „даф”

duff
Навистина, станува збор за воопшто неоригинална мешавина од хмељ и од јачмен, но замислете го чувството да отидете во вашиот омилен бар и да нарачате „даф”, пиво измислено за потребите на анимираната серија „Симпсонови”. Или замислете кога внатрешноста на вашиот фрижидер ќе ја разубават класичните жолто-портокалови лименки што моментално постојат само на телевизија.


Лебдечки скејтборд

hoverboard
Кога привршуваше снимањето на филмот „Враќање во иднината 2”, се проширија гласини дека ваквите скејтборди навистина почнале да се произведуваат и оти ќе бидат промовирани на премиерното прикажување на филмот. Се разбира, набргу се покажа дека станува збор за урбана легенда, но тоа на ниту еден начин не го намали воодушевувањето од едно вакво „превозно средство”.

Браундо
brawndo
Тоа е нешто повеќе од енергетски пијалак, нешто што на човештвото отсекогаш му било потребно! Каде лежи тајната? Па во електролитите, се разбира. Барем така велат во урнебесната комедија „Идиократија” на Мајк Џаџ. Филмот претставува критички приказ на иднината во која пијалакот „браундо” се пие наместо вода со што се овозможува луѓето од иднината да бидат понапредни. Филмот упатува на општа дебилизација на човештвото. На пример, исклучиво неинтелигентни сопружници се будат по 500 години сон и откриваат дека се најпаметни на светот. Комедија? Со елементи на хорор, би можело да се каже.


Со „магнаволт” против крадци

robocopТоа е беспрекорен изум со кој во секој случај би требало да го замените својот аларм – пискало, кој, од непознати причини се активира секогаш во три часот наутро, кога во близина нема жива душа во радиус од пет километри.
Значи, „Магнаволт кар дифенс систем”, познат од филмот „Робокап 2”, тивко и дискретно може да го уништи секого кој не сте вие, а кој ќе се осмели да седне на вашето возачко место. Ако наидете на непознат труп во својот автомобил, тивко заблагодарете му на творецот на овој генијален изум, преместете го трупот на местото на совозачот и полека продолжете по својот пат.

„Физи лифтинг” пијалак

willywonkaОва е пијалак кој дава способност за летање, а беше претставен во филмот „Вили Вонка и фабриката за чоколада”. Значи, ако не сте расположени да се качувате до четвртиот кат од вашата зграда без лифт, едноставно, посегнете по еден „физи лифтинг дринк” на Вили Вонка.


Очила „опти-граб”

optigrabТоа се очилата со кои се прослави Стив Мартин, поточно Навин Џонсон – неговиот лик од филмот „Глупчо”, со кои Џонсон во рекорден рок стана милионер. Станува збор за изум кој претставува фасцинантна комбинација на практичност и на модниот вкус на Елтон Џон (кој беше најпопуларен во Америка во 1970-те и 1980-те години).
Имено, очилата кои докажаа дека интелигенцијата не е предуслов за генијалност, имаат вградена метална дршка која мирно почива на носот на носителот. Таа не само што им дава цврстина и постојаност, туку и овозможува да ги симнете од лицето со едно течно движење. За жал, како последица на тоа настанува разрокост.

Глимонекс

pill_Тоа е една единствена таблета која лекува се – од длабоки депресии до стравот од признавањето на својата сексуална ориентација. За жал, нешто такво никогаш не било реализирано во реалноста иако не се познати ниту негативни споредни појави. А ако и ги има, се сомневаме дека кој било би имал против да остане заробен во својата најубава фантазија. Што друго да се каже освен „Блазе си им!” на ликовите од генијалното канадско филмско остварување „Брејн кенди”.


Вапорајзер

vaporizerВоопшто не е важно каде го снемува кучешкиот измет по третманот со „вапорајзер”. Доволно е да се знае дека овој генијален изум од филмот „Завист” овозможува да заминете на прошетка со својот четириножен домашен миленик без пластична кесичка за собирање на неговите „отпадоци” (не дека тоа кај нас луѓето навистина го прават). Исто така, одлично е да се има при рака нешто такво следниот пат кога во текот на романтичната прошетка во некој парк ќе згазите во некој таков животински „производ”.


„Соул гло”

souldglow
Дури и ако веќе имате прекрасна, сјајна коса, едноставно не е можно да му одолеете на овој неверојатен производ од кој и душата добива сјај. Веројатно за тоа е крива елегантната рекламата од филмот „Доаѓање во Америка”, со лесна, аренби подлога и на крај – бакнеж на две прекрасни сјајни гриви.


Оргазматрон

orgazmatronНаправа која во голема мера личи на кабина на јавно веце, но која овозможува многу повеќе уживање. Беше промовирана во филмот „Спијач”, остварување на режисерот и актер Вуди Ален. Значи, оргазматрон овозможува уживање во секс без никаков социјален контакт. Тоа е идеално за нарцисоидните кои не сметаат дека никој не е достоен за убавината на нивното тело или пак за другите кои се најсреќни кога се сами со своите несовршенства.

виа.

- Реклама -