Толку многу прекрасни места има да се видат во светот.
Сепак, само неколку се иконски. Без разлика дали тоа е природно чудо или архитектонско дело, овие познати знаменитости се дефинитивно едно од најпрепознатливите во светот. Колкумина од нив сте виделе?
10. Спасителот Христос, Рио де Жанеиро, Бразил
Најголемата Ард Деко скулптура во светот стана икона на Рио. Не само што е имресивно поради неговата големина, туку и по природата, која го опкружува Спасителот Христос. Планината Шугарлоф, до која се стига со жичарница, е во близина и нуди прекрасна панорама од врвот на ридот.
9. Планината Фуџи, Хоншу островот, Јапонија
Највисоката планина во земјата е активен вулкан. Исто така, има и културно значење: со векови е инспирација на уметниците и луѓето се уште прават аџилак на таа планина. Тоа е совршен симбол за Јапонија- земја, чие почитување на природата се меша со неверојатно добро со културата и религијата.
8. Улуру, Северна територија, Австралија
Варовничките карпи се свето место за домородните Авсралијци, кои веруваат дека духовите на мртвите живеат тука. Качувањето на Улуру е популарна активност.
7. Колосеумот, Рим, Италија
Изграден во 70 н.е., арената може да собере 50 000 гледачи! Денес Колосеумот стои како симбол на славната Римска империја и крвавите гладијаторски борби. Исто така, тоа е вистинско доживување љубителите на историјата и археологијата.
6. Стоунхенџ, Волтшир, Англија
Загадочниот споменик од неолитот и бронзената доба, Стоунхенџ бил религиозно место. Сепак, се уште постојат многу тајни и е изво на шпекулации за неговата цел. Едно нешто е сигурно: античките структури од камења се уште имаат посебен ефект врз луѓето.
5. Голден Гејт мостот (Златната порта), Сан Франциско, САД
Инженерското чудо е симбол на Западниот брег на САД. Покрај тоа што е најфотографиран мост на светот, Голден Гејт нуди прекрасна глетка. Сепак, не се препорачува посета на ветровит ден.
4. Ајфеловата кула, Париз, Франција
Нема листа на најпрепознатливите споменици без Ајфеловата кула во неа. Преценета и преувеличена- сепак кулата е симбол на Париз, иконата на градскиот пејсаж и најдоброто место за да го видите главниот град.
3. Пирамидите, Гиза, Египет
Величенствените антички споменици ја одбележуваат славата на античкиот Египет. Сместени во пустина, во предградието на Каиро, пирамидите во Газа се најпопуларна туристичка атракција.
2. Таџ Махал, Агра, Утар Прадеш, Иднија
Белиот мермерен мавзолеј е познат во светот не само по неговата впечатлива убавина, туку и по неговата романтична приказна. Царот бил уништен по смртта на својата сопруга додека се породувала и наредил да се изгради споменик во нејзино сеќавање.
1. Големиот ѕид во Кина
Ѕидот за кој се вели дека може да се види од вселената, бил изграден и реконструиран со векови. Првите ѕидови биле изградени во 7 век п.н.е. За време на династијата Минг (1368-1644) Ѕидот веќе бил најголемата воена структура во светот.