Топ 10 најчудни сајтови за пронаоѓање партнер

Повеќе... Кога ќе помислите на онлајн dating сајт, веројатно помислувате на луѓе кои бараат партнер со слични интереси за музика, филмови, хоби. Но постојат некои веб страници кои ги спојуваат луѓето врз основа на малку… чудни критериуми.


Кога ќе помислите на онлајн dating сајт, веројатно помислувате на луѓе кои бараат партнер со слични интереси за музика, филмови, хоби. Но постојат некои веб страници кои ги спојуваат луѓето врз основа на малку… чудни критериуми.

10. Агенција Ashley Madison

Овој dating сајт е наменет за омажени/оженети личности кои бараат афера надвор од бракот. Многу популарен во Америка, овој сајт брои повеќе од 4 милиони членови, а нивниот рекламен слоган гласи: „Животот е краток, доживејте афера!“.

afera.jpg

Веб страницата ви гарантира афера доколку се регистрирате, иако во делот со одрекување на одговорноста велат дека не се одговорни за евентуалните повреди или смрт доколку дојде до таа афера.
www.ashleymadison.com

2. Пронајдете го вашиот идеален партнер со помош на науката

За цена од околу 2000$ која ја плаќате за доживотно членство, оваа веб страница ќе ја земе вашата DNA и ќе ви помогне да најдете партнер чија DNA најмногу ви одговара.

dnavrska.jpg

Која е ползата од барањето партнер спрема DNA?
-поголеми се шансите дека мирисот на телото на вашиот партнер ќе ви се допадне
-поголеми шанси за подобар сексуален живот
-полесно до оргазам за жените
-жените нема да ги мамат партнерите
-поголеми шанси за добивање деца
www.scientificmatch.com

8. Набавете си жена од затвор

Ако ништо друго, сигурно е дека на овој начин ќе имате големи шанси да си најдете партнерка. За жал, на страницата не наведуваат од кои причини се жените во затвор, па што ќе добиете-ќе добиете.

zatvor.jpg

Изненадува податокот дека на делот од сајтот „Што кажале за нас“ има голем број задоволни муштерии. Страницата има дури и опција „Додај во кошничката“ и „Оди на благајна“ после што сте завршиле со шопинг на вашите криминални убавици. Голем плус на овој начин на барање на партнерка е тој што е речиси 100% сигурно дека љубовта на вашиот живот нема да ве изневери со вашиот најдобар пријател.
www.womenbehindbars.com

7. Се плашите од ниски луѓе? Тогаш ова е сајтот за вас!

Ако можеби патите од tinyophobia (т.е. страв од ниски луѓе), посекако погледнете го овој сајт. Тој има колекција на особено високи луѓе, а во описот на сајтот стои: „Добродојдовте на најдобриот, најголемиот и најефиксниот dating сајт за високи луѓе.Ова е најдоброто место за почеток на врска или брак со висока личност. Ги поврзуваме високите луѓе од Америка, Канада, Европа, Австралија и други места. Овде можете да се дружите со прекрасни, високи жени и мажи.“ www.tallfriends.com

visoki.jpg

Како алтернатива на „високиот“ сајт, се појави и таков за ниски луѓе кој можете да го погледнете на www.datealittle.com.

6. Имате ментално пореметување или пренослива полова болест?

Шизофренични сте? Параноични? Си играте со вашиот отпад со големо одушевување? Па, за среќа, се појави веб страница која ги поврзува луѓето со ментални болести. Регистрацијата е бесплатна, а ова е единствената таква веб страница на светот. www.nolongerlonely.com

paranoja.jpg

Како алтернатива, се појави и веб страница за луѓето кои имаат преносливи полови болести. Замислете го само спојот на овие две веб страници… www.positivesingles.com

5. Кој капетан на Стар Трек е најдобар?

Кој уште се расправа за пари? Овде можете да пронајдете некој посебен со кој ќе се расправате за тоа дали Жан Лук Пикард или Џејмс Ти е подобар капетан.

strek.jpg

Веб страницата е наменета на љубителите на научна фантастика, а нивниот слоган гласи: „Love long and prosper!“. Само немојте да заборавите да го тестирате партнерот за некоја од вселенските болести пред да станете интимни.
www.trekpassions.com

4. Дали сте доволно згодни?

Ако сте доволно згодни и секси, не морате воопшто да бидете паметни за да ве примат во ова елитно друштво на екстра згодни луѓе кои бараат партнер. Главниот критериум е да се регистрирате и тој – да бидете згодни. И при тоа не мислиме згодни одвнатре. Регистрацијата вклучува и калкулатор кој го пресметува вашето ниво на привлечност. Слоганот на страницата е: „Онлајн спојување без грди луѓе“. Колку само фотошоп има овде…
www.darwindating.com

3. 420 friendly

За оние кои не знаат, фразата „420 friendly“ во Америка е израз за личности кои уживаат во пушење марихуана. Конечно, уживателите сега имаат и веб страница на која можат да пронајдат некој со кој ќе ги делат листовите и семките.

420.jpg

Ако и вие сакате да се заљубите напушени, посетете ја оваа веб страница и најдете си сродна душа. www.420dating.com

2. Состанок на слепо

Овој сајт е само за оние кои имаат многу храброст. Или лудост. Таму ќе ја пронајдат идеалната личност за вас, а пред какво било запознавање, не сте во можност да видите фотографија од личноста со која ќе излезете.

blind.jpg

Постојат само три опции кои можете да ги изберете: „соло состанок“, „двоен состанок“, или „сеедно ми е“. Сè што ви преостанува после тоа е да седите и да почекате e-mail со информација каде и како ќе имате состанок.
www.crazyblinddate.com

1. Дете во душата?

Иако веќе сте доволно очајни возрасни за да барате партнер преку интернет, сепак се чувствувате младо. Толку младо што сè уште носите пелени и детска облека? Ова е вистинскиот сајт за вас.

peleni.jpg

На сајтот стои следниот опис: „Возрасни деца кои сакаат да носат пелени и детска облека. Многу сакаат пелени во боја и други шарени работи. Исто така уживаат во конзумирање храна од шише, како и во детски кашички и слична храна. Генерално, тие сакаат да се однесувате со нив како со деца, одвреме-навреме да ги плеснете по задникот, да ги капете и да ги преслекувате.“ Нема тука ништо чудно, нели? www.dailydiapers.com

- Реклама -