Овој часовник содржи 46 флуоросцентни плави сафири и креира убава дијамантска силуета на Ајфеловата Кула. Лимитиран е на само 20 парчиња и може да го најдете ексклузивно во продавниците на Елисејските полиња во Париз.
Развиен од IBM и eMagin, овој часовник е пред своето време. Тој содржи именик, календар, може да прегледува слики и има дисплеј од 640×480 VGA.
Досадно ви е? Само вклучете го овој часовник и гледајте телевизија. Со екранот од 1.5 инчи можете да гледате и до 1 час од вашите омилени ТВ програми. Тежи само 45 грама.
Овој чуден часовник не само што кажува точно време, туку истовремено ве учи и јапонски. Со притискањето на копчето, вградениот звучник го кажува точното време на јапонски.
Овој часовник содржи 46 флуоросцентни плави сафири и креира убава дијамантска силуета на Ајфеловата Кула. Лимитиран е на само 20 парчиња и може да го најдете ексклузивно во продавниците на Елисејските полиња во Париз.
Овој часовник има вграден звучник кој го одбива звукот од вашата рака и го кажува времето во Морзеовиот код. Плус, може да го прикажува времето во морзеов код и преку ЛЕД диодите.
Секој кој сака да ја измери влажноста, притисокот или пак вибрациите во една соба, може да смета на часовникот на Хитачи. Ова е всушност портабилен атмосферски монитор за вашиот зглоб. Тој може да пренесува податоци и до безжичен ресивер.
Овој интересен дизајн од компанијата Open Concepts е наменет да се носи обратно.
Видео комуникација преку 3 инчен LCD дисплеј кој пренесува слики од хеликоптер. Ова им дава на војниците можност да ја видат висинската слика на теренот со 30 фрејма во секунда. За $50.000 ќе може да имате ресивер, трансмитер и батерија.
Telson TWC 1150 е првиот часовник во светот со телефон и камера. Во неговите опции може да најдете безжични слушалки, LCD, инфраред, секретарка, штоперка и планер.
1. Тајмфлекс
Сакате да го имате времето на рака во секој момент, но не ви се допаѓаат гломазните часовници? Тајмфлекс е часовник кој се лепи за вашата облека и може да се навитка како хартија кога не е во употреба. Базиран на ултра лесната слим технологија, може да го контролирате преку тачскрин менито. Напојуван е од ултра мала батерија која е невидлива за човечкото око.