Топ 10 најчести сексуални фантазии

Никој не може да го негира фактот – сексуалните фантазии ги имаат сите, и мажите и жените. Па, кои се најчестите?

1. Егзибиционизам

screen-shot-2013-09-04-at-2-44-00-pm
Ова е чин во кој главното задоволство произлегува од тоа да бидете гледани од другите. Вклучува се од стриптиз до секс-снимки. Иако не секој би се чувствувал удобно учествувајќи во домашно секс-видео, 19% од луѓето фантазираат дека се набљудувани за време на сексот, а 5% фантазираат за тоа да се соблечат во јавност. Примери за поблага верзија на егзибиционизам би биле да му приредите стриптиз на партнерот, или да ги оставите завесите отворени додека имате секс.

2. Воајеризам

sexfantasy2.jpg
Воајерите уживаат да гледаат додека други луѓе имаат секс. Тоа е честа фантазија и кај мажите и кај жените, а се однесува на гледање на луѓе што имаат секс во јавност, или ѕиркање без туѓо знаење. Најлесен начин да се оствари оваа фантазија – нудистичка плажа.

3. Доминација

sexfantasy4.jpg
Многу луѓе сонуваат да имаат контрола над другите, па не е изненадување што фантазираат и дека го доминираат партнерот во креветот. Фантазијата е почеста кај мажите, но се почеста е и кај жените. Доминационите фантазии можат да вклучуваат плескање, играње улоги, костуми, но и „прљаво зборување“ за време на сексот. Лисици, камшици и други слични секс-играчки, исто така се честа компонента во миксот.

4. Потчинетост – Да се биде доминиран

sexual_fantasies.jpg
Оваа фантазија е почеста кај жените отколку кај мажите, но со право може да се рече дека е популарна и кај едните и кај другите. Според Askmen.com, оваа фантазија ја имаат жените на кои им е смачено од нежни љубовници и сакаат голем, силен маж што ќе им покаже „кој е газда“. Секако дека може да биде забавна, но доминацијата мора да се случува само со дозвола, и под услов да не навлезе во други сфери од животот.

5. Фантазии на присилба

95790460-indian-gangrape[1]
Вклучуваат наметнување сила и грубост врз некого, присилувајќи го кон активноста. Честа фантазија – дури 40% од жените ја имаат. Една студија од 1980-та покажала дека дури 45.8% од мажите фантазирале за сцени во кои тие биле сексуално доминирани против нивна волја од страна на жена, додека 44.7% замислувале средби во кои жената се преправа дека пружа отпор на нивните навали.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

6. Професорка и студент

sexfantasy7.jpg
Наводно, оваа фантазија е популарна и меѓу жените. Се состои од партнер што глуми непримерен студент на кого му треба дисциплинирање од страна на неговата/нејзиниот строг професор/ка. Слична е на „вработен и шеф“ фантазијата, особено во делот на игра на моќта и елементот на забрането задоволство.

7. Секс на јавно место

sexpublic.jpg
Според Men’s Health, 64% од жените фантазираат дека го прават тоа во јавност – на плажа, на игралиште, во лифт, па и во јавен тоалет. Фантазијата е блиска до егзибиционизмот, но наместо да се биде гледан, авантурата е во ризикот да ве фатат.

8. Секс со непознат

sexsurvey-main[1]
Самата помисла е неодолива за голем број луѓе. Мистеријата и возбудата од спој без обврски е добар начин да „издувување“ или за импресионирање на личност која од секогаш ви се допаѓала. Од друга страна, не е важно како ќе помине, и онака многу веројатно е дека личноста нема да ја видите повеќе, па стравот отстапува место на храброста да се испробаат нови нешта.

9. Секс со шефот

EBB12E8D54F1912963E6766BC163D_h498_w598_m2[1]
Заведувањето на колега, особено на шефот, е многу искушувачки потег. Опасен е затоа што може да ги искомплицира нештата на работното место, дури и до степен на обвиненија за сексуално вознемирување на работа. Од друга страна, моќната динамика на чинот да се спие со претпоставениот е силна „потпала“ за многу луѓе, слично на возбудата од тоа да се прикривате зад нечиј грб.
Дури 56% жени и 61% мажи имаат фантазии за секс со личност со која работат.

10. Тројка

Tulpa-threesome[1]
Во денешнината, тројките се најчеста сексуална фантазија, особено меѓу мажите. Попопуларна е од било кога, благодарение на зголеменото присуство во медијата, како и леснотијата со која се договараат вакви средби преку интернет. И покрај непријатноста и љубомората што може да се јави во ваквите релации, многу љубовни двојки гледаат на „тројката“ како начин да се врати жарот во нивната врска. Се разбира, некои едноставно уживаат во помислата да имаат секс со партнерот, но и со непознат во исто време.
33% мажи признаваат дека „тројката“ е нивна број 1 фантазија, наведувајќи дека дополнително ги возбудува да ја гледаат партнерката со некој друг.

- Реклама -