Топ 10 лудории на Марио Балотели (видеа)

Контроверзноста не е ништо ново за напаѓачот на Манчестер Сити кој комбинира неверојатен талент на теренот со неверојатно лудило надвор од него. Ова се некои од неговите најлуди моменти.

10. Две недели по потпишувањето за Сити и пристигнувањето во Англија Балотели го уништи своето Audi R8 во близина на тренинг центарот на тимот. Полицијата го тестирала за алкохол и го испрашала младиот Италијанец. Тие биле изненадени од фактот што тој имал 5000 фунти во неговите фармерки, кога го прашале зошто ги носи со себе тој одговорил: „Зашто сум богат.“

9. Балотели го пропушти второто полувреме од натпреварот од Лига Европа во Киев поради „алергична реакција на тревата“. Некои коментатори се шегуваа дека тој не можел да ги поднесе ниските температури, но подоцна тој бил фотографиран со очигледно потекување на лицето, усните и јазикот.

8. Во март Балотели беше казнет со еднонеделна плата – 100.000 фунти – бидејќи се обидувал да ги погоди играчите од подмладокот со стрелки за пикадо.

7. Во една ситуација Балотели ја демонстрираше и својата смисла за хумор кога му ги украде ракавиците на Серхио Агуеро додека Аргентинецот ги врзуваше неговите копачки.

6. Настапот на Марио во финалето на FA Cup против Стоук бил за пример, но неговиот талент се покажал дури во интервјуто по натпреварот. Запрашан дали тоа било неговата најдобра изведба тој одговорил: „Целата моја сезона беше срање. Може да го речам тоа?“ Не баш.

5. Чудната смисла за хумор на Балотели ни овозможи да го видиме со капа која потсетува на гумена ракавица. Истата смисла за хумор ни го даде и овој интересен момент со Един Џеко…

{youtube}0yiqoeh5D2o{/youtube}

4. Ако оваа забуна со маркер му се случеше на било кој друг фудбалер тоа ќе беше најинтересниот момент во нивната кариера. Кај Марио не е ни во најдобрите три:

{youtube}erI5dG3_R5E{/youtube}

3. Марио и неговиот седумнаесет годишен брат Енок биле уапсени за прошетка во дворот на женски затвор во Бреша. Тој на полицијата ѝ рекол дека бил љубопитен и дека „сакал само да ѕирне“.

2. Како се подготвувате за градско дерби? Некои играчи си легнуваат рано за да бидат одморени, Марио има поинаков метод. Во сабота наутро, на помалку од 36 часа пред натпреварот во кој тој имаше импресивен настап со два гола, Марио бил спасуван од пожарникари откако се запалил огномет во тоалетот. Штетата на неговата куќа била толку сериозна што тој живеел во хотел за време на поправките.

1. И што е поинтересно од сите овие инциденти? Непотврдената приказна дека кога мајка му го испратила да купи средства за чистење, четка, пегла и правосмукалка, по што тој се вратил неколку часа подоцна следен од комбе од кое биле растоварени, трамполина, две Веспи и ништо ни од далеку поврзано со чистење.

- Реклама -