Топ 10 Android игри

Android игриКако што се наближува крајот на новата година, Android корисниците можат со задоволство да погледнат наназад и да кажат многу за напредокот на оваа платформа. За тоа како се снаоѓа Android оперативниот систем на новиот хардвер за мобилни телефони, најубаво може да се види од видео игрите на него. Во последно време има се поубави и поголеми игри па затоа одлучивме да направиме една топ 10 листа од најдобрите Android OS игри досега.

Angry Birds

Angry_BirdsЕдна од најдобрите мобилни игри што некогаш излегле на пазарот, стана достапна и за Android. Во оваа игра, вашата задача е да ги напаѓате прасињата кои ги крадат јајцата на птиците со пресметување на траекторија и испукување на птици во нив. Графиката и механиката на Angry Birds се беспрекорни и многу забавни.

Red Card Rampage

Red_Card_RampageОваа игра се појавува како преработка на популарната истоимена флеш игра. Ја користи физиката на култната видео игра Worms, каде што треба да пресметате траекторија, тежина на проектилот и јачина на ветар за да ја удрите вашата цел успешно.

World War for Android

World_War_for_AndroidОсновната идеја позади оваа игра е позајмувањето на начинот на играње од играта iMobsters. Завршување мисии, собирање на искуство, заработување пари како и поробување на непријатели. Вистинска игра за сите Mafia зависници.

Fruit Ninja

Fruit_NinjaВо оваа игра, имате можност да сечете овошја со самото лизгање на прстот по екранот. Тренирајте за да станете вистински овошен нинџа во ова забавно и заразно искуство.

Robo Defense

Robo_DefenseОваа реплика на стариот Warcraft 3 мод наречен Tower Defense ја носи цела таа забава на вашиот мобилен телефон. Градете роботи за одбрана од бранови на непријатели. Поседува отворени мапи, надградувања, достигнувања и убава графика.

Gem Miner

Gem_MinerАко постои награда за најзаразна игра за Android, тогаш Gem Miner дефинитивно би ја земала. Копајте длабоко за различни видови на руда со што можете да заработите пари и да си ја надградите опремата. Станете вистински истражувач со копање подлабоко и отварање на нови мапи.

Jewellust

JewellustJewellust е прекрасен Bejeweled клон. Со тема на стариот Египет, оваа игра нуди 30 нивоа во 7 пирамиди и многу забава и размислување.

Hungry Shark Free for Android

Hungry_shark_free_for_AndroidЈадете за да стигнете до врвот на ланецот на исхрана во оваа игра со гладна ајкула која ќе го отвори вашиот апетит. Од плажи до длабочините на Антартикот, забавувајте се со прехранување на ајкулата.

Bebbled

BebbledBebbled нуди повеќе начини на играње и забава. Можете да ја играте кампањата со 33 различни нивоа за да постигнете поголем резултат. Исто така можете да си ја прилагодите играта за играње на начинот на кој вас ви одговара.

Frozen Bubble

Frozen_BubbleФизиката на оваа игра е многу позната веќе подолго време. Испукувате топчиња со различна боја за да ги погодите со соодветната погоре и да ги исчистите од екранот.

Па, тоа е нашата листа на најдобри Android игри! Ако имате некоја омилена игра што не ја вклучивме, слободно спомнете ја во коментарите подолу.

- Реклама -