Тони Симиќ се враќа на клупата – ја презеде Академија ФМП!

Еден од најтрофејните македонски кошаркари на сите времиња, Тони Симиќ, по едногодишна пауза ѝ се враќа на тренерска професија и тоа на клупата на Академија ФМП.

По неколку месечна работа како предводник на Работнички, тој лани на почетокот од февруари го напушти „Градски парк“, по што не работеше во ниту еден друг клуб.

„Мислам дека ФМП има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, дека со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот резултатите ќе дојдат сами по себе“, изјави Симиќ.

- Реклама -