Томовска: Инспекторатот за труд го прошири надзорот во М-НАВ

Таа очекува дека во текот на неделата да се одржи и координативен состанок и со финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) го прошири надзорот во М-НАВ, а проширувањето на надзорот е по претставки на кандидати кои се јавиле на последните огласи за вработување и имаат и анонимна претставка за синдикатот.

Ова денеска го изјави денеска директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска, која посочи и дека надзор ќе се изврши и во Агенцијата за вработување.

„Исто така, ќе се постапи и по новопримените претставки од страна на неизбраните кандидати. Значи, имаме претставки од двајца неизбрани кандидати, имаме претставка од анонимен подносител членови на синдикатот и таа ќе ја дадеме во обработка. Што значи ќе се прошири надзорот и ќе ни треба повеќе простор и време,

вели Томовска.

Таа очекува дека во текот на неделата да се одржи и координативен состанок и со финансиска полиција, а на кој треба да разгледаат од двете области до каде се со надзорот во М-НАВ.

Томовски истакна и дека инспекторите кои работат на овој надзор имаат обемна документација и работат и до 18 или 19 часот.

„Колегите ги разгледуваат, документацијата е обемна, затоа ве молиме за трпение, за да завршиме како што треба“,

вели Томовска.

Инспекцискиот надзор од Државниот инспекторат за труд и Финансиската полиција во М-НАВ почна по  случувањата во оваа институција.

Тројца инспектори на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) од минатиот четврток почнаа со вонреден надзор во Македонската навигација откако инспекторатот доби вакво задолжение од Владата на последната седница.

Пред нив, инспектори од Управата за финансиска полиција влегоа во Македонската навигација каде што се вршат проверки на целокупното финансиско работење на ова акционерско друштво.

Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, како што информираат, се прават врз основа на направен извештај.

Проверките во М-НАВ од Управата за финансиска полиција ги најавија по инцидентот што се случи кога неколку непознати лица упаднале во објектот на Македонската навигација, предизвикале вербална расправија и нападнале дел од вработените.

По инцидентот од 4 јануари со упадот во објектот на Контролата на летање и напад на вработените, што се случија по реакциите и оспорувањата од Синдикатот за спроведувањето на последниот оглас за вработување и работата на раководството на М-НАВ, Владата на седница даде насоки надзорниот одбор на М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, и секторскиот извршен директор во М-НАВ, Љубе Стаменковски, а на нивните места да ги именува Хекуран Асани, односно Милан Кораќ.

Од Основното јавно обвинителство на 18 јануари соопштија дека лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај“.

- Реклама -