„Tomorrowland“ премиерно во кино Милениум

Еден ден пред официјалната американска премиера, Кино Милениум ја најавува скопската премиера на филмот „УТРЕЗЕМЈА: СВЕТОТ ПОТАМУ (Tomorrowland)“.

Се работи за мистично и авантуристичко филмско остварување на режисерот Brad Bird, со Britt Robertson, George Clooney, Hugh Laurie, Kathryn Hahn во главните улоги.

„Заробени“ во заедничка судбина, една интелигентна и оптимистична тинејџерка која блика од љубопитност за наука и едно поранешно момче-гениј иноватор, разочарано тргнуваат на опасна мисија да ги откријат тајните на енигматското место што постои некаде во времето и просторот на нивната колективна меморија позната како “Tomorrowland”.

Од четврток(21.05), 20:00 часот, филмот ќе бидел дел од редовниот репертоар на кино Милениум.

Tomorrowland_El_mundo_del_ma_ana-768861813-large

- Реклама -