Том Круз повторно како Итан Хант

По огромниот успех на филмот „Mission: Impossible – Ghost Protocol“, Том Круз се спрема по петти пат да ја репризира улогата на тајниот агент Итан Хант.

Гостувајќи во емисија на британската телевизија BBC, Круз потврдил дека петтото продолжение на популарната франшиза ќе биде снимен во скоро време.

„Работам на сценариото“, рекол славниот актер, кој уште во октомври истакна дека во „невозможната“ авантура влегол со намера да сними неколку продолженија.

Досега најуспешниот дел од серијалот, „Mission: Impossible – Ghost Protocol“ заработи 694,7 милиони долари. Благодарение на овој филм Круз во периодот од мај 2011 до мај 2012 важеше за најплатен актер во Холивуд.

- Реклама -