Tом Круз не знае да поминува улица (видео)

Актерот зачекорил на улица не гледајќи лево и десно.

Славниот актер Том Круз преминувал улица во Лондон, но притоа не гледал лево и десно, па речиси завршил пред Лондонскиот црвен автобус.

Актерот го снимал петтото продолжение на филмот „Невозможна мисија“, кога зачекорил на улица без претходно да провери, но за среќа возачот на автобусот го видел и сопрел  на време.

Том снимал сцена во центарот на Лондон, а филмската екипа користела камери сместени на прозорците и кровот од зградите. Вистинското воодушевување настанало кога дознале дека добиле дозвола за снимање и во зградата на Парламентот.

- Реклама -