Том Јорк танцува во првиот спот за „Atoms for Peace“

Том Јорк, основачот на „Radiohead“ во една прилика изјави „танцувајте како никој да не ве гледа“. Како се прави тоа, музичарот ни покажа своевремено во видеото за песната „Lotus Flower“.
Истата екипа која стоеше зад ова остварување, го изработи и видеото за песната „Ingenue“ за групата „Atoms for Peace“, чиј деби албум „Amok“ беше лансиран оваа недела.

Спотот беше осмислен и режиран од Гарт Џенингс, за кореографијата беше задолжен Вејн Мекгрегор, а на танцувачкиот подиум на Јорк му се придружи професионалната танчерка Фукико Такасе.

Покрај фронтменот на „Atoms for Peace“, Том Јорк, се и басистот на групата „Red Hot Chili Peppers“, Фли, познатиот продуцент на „Radiohead“, Најџел Годрих, тапанарот на бендот „R.E.M.“, Џои Варонкер, и виртуозниот бразилски перкусионист, Мауро Рефоско.

Публиката на годинашниот „Егзит“ фестивал ќе има прилика да ужива во ексклузивното концертно издание на нивната прва турнеа.

- Реклама -