Сега е и официјално. Том Харди, кој го покажа својот талент во неколку одлични филмови (The Dark Knight Rises, Inception) наскоро ќе настапи во филмската адаптација на една од најдобрите стелт видео игри Tom Clancy’s Splinter Cell.
Харди ќе го игра главниот лик, Сем Фишер, специјален агент на „Третиот Ешалон“. Видео играта, која ги восхитува фановите уште од 2002 година, е втор наслов на UbiSoft кој станува филм. Проектот сè уште нема режисер, но Ерик Сингер (The International) веќе прифатил да го напише сценариото.
UbiSoft веќе работи на филмска адаптација на нивниот хит Assassin’s Creed заедно со New Regency и 20th Century Fox со Мајкл Фасбендер (X-Men First Class, Prometheus) како продуцент и главна улога. Splinter Cell е класика сама по себе, но не е ни блиску до популарноста на Assassin’s Creed. Можеби со талентот на Харди, добро сценарио и амбициозен режисер Сем Фишер ќе биде соодветно претставен на големиот екран. [Tom Hardy game for ‘Splinter Cell’ movie: Ubisoft’s ‘Tom Clancy’ pic based on popular videogame]