Во Холивуд никогаш не е досадно, а сега почна да се шпекулира и дека има нов секси пар…
Странските медиуми почнаа да шират гласини дека има нов пар! Се чини дека проработиле страстите меѓу младата 24-годишна оскаровка Џенифер Лоренс и 37-годишниот фронтмен на Колдплеј, Крис Мартин.
Крис неодамна се разведе од актерката Гвинет Палтроу, додека Џен повторно раскинала со дечкото Николас Холт пред неколку недели. Лоренс неодамна и изјави дека познатитот пејач отсекогаш го сметала за многу убав и привлечен маж.
А Крис Мартин бил привлечен од Џенифер бидејќи со својот опуштен стил била дијаметрална спротивност од Гвинет Палтроу, и која има се што пропуштил овие 11 години додека бил во брак, според извор близок на пејачот.
Гласините се шират, а наскоро ќе видиме дали се точни бидејќи новиот пар нема долго да се сокрие.