Тој прави „тешки“ пари од нетрпеливоста на луѓето

Нетрпеливоста си има цена. Роберт Семјуел ја одредува на 25 долари за првиот час и 10 долари за секој дополнителен половина час. Семјуел е основач и сопственик на SOLD – компанијата која што  ја нуди услугата чекање во редици за сè – од  нов модел на патики до билети за концерт.

„За што и да посакате, за тоа чекаме”, вели тој.

CNBC разговараше со Семјуел додека тој чекаше во ред за Cronuts (вид крофни) пред пекарата Dominique Ansel Bakery во , Њујорк. Крофните, кои се продаваат по 5 долари ,  се најпопуларното нешто за кое што вработените на SOLD чекаат. Семјуел обично се појавува пред пекарата два часа пред таа да се отвори во 8 часот наутро.

 

Идејата за SOLD се родила, откако тој останал без работа по отпуштањето од AT & T, што, иронично, се случило поради  задоцнување. За да направи брзи пари, тој пуштил оглас на  сајт, дека може да чека во ред за пуштањето на новиот iPhone на Apple во замена за пари. По 19-часовно чекање (најдолгото во неговата кариера) Семјуел заработил 325 долари и така се родила  идејата за неговиот бизнис. Неколку месеци подоцна тој ја основал компанијата.

Триесет и осум годишниот Семјуел,  сега има околу 10 вработени, кои вкупно чекаат различни редици во просек помеѓу 7 и 10 пати во неделата. Обично клиентите им се зафатени луѓе и менаџери, како и луѓе со гости од друг град, кои што сакаат да пробаат популарни нешта како крофни Cronuts, но сакаат да го  пропуштат чекањето. На прашањето која е најинтересната нарачка за чекање во редица Семјуел вели:

„Еден човек сакаше да испорачува по една крофна на жената и швалерката, па се договорив  во пекарата да  ставаат во две различни кутии  по една крофна. Едната одеше во северниот дел на градот, а другата во јужниот. Клиентот ме замоли да не кажувам на ниедна од жените  за испорака на другата ‘”.

За да  добие клиенти, Семјуел се потпира на социјалните медиуми.

- Реклама -