Џастин Тимберлејк отсекогаш им се нашол на своите фанови, но тој неодамна отиде чекор понатаму за време на својот концерт во луисвил, Кентаки.
Во неделата, 32-годишниот пејач му помогна на еден свој обожавател да го постави судбинското прашање на својата девојка, за време на пауза откога ја отпеал песната „The Girl“, на неговата 20/20 Experience Tour.
„Луѓе, кажете здраво на Џош! Кој имаш земено со себе?“ кажал Тимберлејк на гласната публика. „Ова се Џош и Ким. Дојдете тука на сцената“. Младата девојка која била шокирана се качила на сцената незнаејќи дека ќе биде запросена од страна на својот дечко. Откога кажала „да“, публиката со громогласен аплауз ги поздравила.
Погледенете како изгледаше тоа на видеото подолу.