Тој 80, таа 55 години – Мајкл Даглас и Кетрин вчера ги прославија родендените

Актерот Мајкл Даглас и неговата сопруга и колешка Кетрин Зита-Џонс ги слават своите родендени на ист ден – 25 септември. Таа наполни 55, а тој 80. Тие никогаш не пропуштаат прилика јавно да си честитаат, а Кетрин ги изненади сите кога на Инстаграм објави фотографија на која позира целосно гола, истакнувајќи дека тоа е „подарок за нејзиниот сопруг“. „Во мојот роденденски костум. По 25 години споделување роденден со мојот сопруг, останав без идеи. Ова е втора опција за подарок, топчињата за голф се опција број еден, се разбира“, напиша таа на фотографијата.
Извор