Точно време: Се сеќавате ли на овој сервис?

Најстариот светски сервис за точно време, што се наоѓа во Париската опсерваторија, оваа недела ја одбележа осумдесетгодишнината од своето постоење.

Откако е измислен првиот автоматски сервис за информирање за точно време, Париската опсерваторија веќе 80 години мери колку е часот и ги емитува податоците за тоа.

„Пред да биде измислен сервисот што кажува колку е часот, многу луѓе се јавувале во Париската опсерваторија за да го дознаат точното време и тоа претставувало голем проблем за персоналот и оптеретување за телефонските линии“, рекол директорот на истражувачкиот центар СИРТ, Ноел Димарк.

10491152045124a05c6a811287156570_orig

Ернест Есклагон, кој тогаш се наоѓал на чело на Париската опсерваторија, во 1929 година одлучил да развие автоматизиран систем.

На Денот на вљубените во 1933 година, информацијата за точно време за првпат ја дал автомат, а снимениот глас му припаѓал на Марсел Лапорт, познат како Радиоло, кој во тоа време бил најпознат водител на Радио Париз.

18408336735124a05ad1f1f579135770_orig

Во изминатите 80 години, часовниците на Париската опсерваторија се значително технолошки унапредени, така што со нивната автоматска прецизност можноста за грешки е намалена за милионити дел од секунда.

Сега, мобилните телефони и Интернетот пружаат информации за точното време со голема прецизност, па се поставува прашањето кој денес се јавува на оваа служба за да дознае колку е часот.

„Генерално немаме точен профил на луѓе што се јавуваат во оваа служба и не знаеме многу за нив, но тоа се секако обични луѓе и компании, а веројатно постојат и некои машини кои користат автомат за информации за точно време за да го синхронизираат своето време“, вели Мишел Абграл од француската служба за точно време и додава дека годишно има околу милион повици на нивниот број.

Секој повик во Франција за точно време чини 56 центи, а тие пари помагаат да се одржи во живот часовникот кој до сега одбројал две милијарди 254 милиони и 680 илјади секунди.

- Реклама -