Точките во вашата Gmail и-мејл адреса се неважни

capture1_0[1]

Ако имате и-мејл адреса на Yahoo во формат од типот на ime.prezime@yahoo.com и некој ја испушти точката во адресата, вие нема да ја добиете пораката.

Грешки се случуваат постојано, а електронските писма и пораки не стигнуваат или стигнуваат до погрешни луѓе. Баш заради тоа Google одлучи да ги постави работите на малку поинаков начин, и тоа уште кога го започна својот e-mail сервис Gmail. Имено – Google ги игнорира точките во адресите на луѓето.

Токму така – нема никакво значење дали во твојата и-мејл адреса има точка или не (или голема буква). Така, homerjsimpson@gmail.com можете да ја впишете на било кој од следниве начини, и пораката пак ќе стигне на вистинската адреса:

homerjsimpson@gmail.com = hom.er.j.sim.ps.on@gmail.com

homerjsimpson@gmail.com = HOMERJSIMPSON@gmail.com

homerjsimpson@gmail.com = Homer.J.Simpson@gmail.com

Дури и ако напишете h.o.m.e.r.j.s.i.m.p.s.o.n@gmail.com, пораката пак ќе стигне на homerjsimpson@gmail.com.

Како што рековме, ова не е ништо ново и постои од самиот почеток на Gmail. Можеби веќе и сте го забележале. Сепак, запрепастувачки е бројот на луѓе кои сé уште не знаат за ова правило. На пример, тие го истакнуваат присуството на точката во својата адреса секогаш кога некому го даваат својот и-мејл. Нема потреба.

Каде на друго место точките не се од значење? Business Insider спроведе свој мал експеримент и го утврди следното:

• Точките се важни во: Microsoft Outlook, Yahoo Mail, Apple iCloud.

• Точките не се важни во: Gmail, Facebook.

• Точките се строго забранети во: Twitter.

Е.т.е.т.а.к.а.д.а.си.з.н.а.е.т.е.

- Реклама -