И тоа постои: Музеј на неуспешните врски

Оваа чудна изложба за прв пат била претставена во јавноста во 2006 година. Организатори на изложбата биле Олинка Вишица и Дражен Грубишиц. Тие собрале и ги покажале предметите, кои ги користеле во четирите години заеднички живот и кои останале како сведоци на времето кога двојката се разделила.

Целта на создавањето на Музејот била да се утврди место каде што секој може да го остави симболот на тага по една неуспешна љубовна врска. Тој е основан во 2010 година во Загреб, Хрватска. Годишно 40 илјади посетители доаѓаат во овој уникатен музеј.

 

Експозицијатата е поделена на неколку зони во зависност од времетраењето и видот на врските. На посетителите им е дозволено да ги допираат експонатите.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Во 2011 година, музејот добива награда од Здружението на европските музеи и стана музеј на годината поради неговата оригинална идеја.

Еве отприлика на што можете да налетате во овој музеј.

13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

 

- Реклама -