Таа славно тврди дека останува верна на своите корени од Бронкс, и покрај нејзиното мулти-милионско богатство.
Но, најновите бројки на Џенифер Лопез не можат да бидат подалеку од нејзиниот скромен дом од детството.
45-годишната пејачка „фрлила“ 22 милиони долари на луксузен пентхаус во Менхетен, Њујорк.
Дивата со најпознат задник купила стан со четири спални соби, со сопствена фитнес сала и приватен лифт, во зграда во која се сместени и ѕвезди како Челзи Клинтон и возачот на НАСКАР Џеф Гордон, велат извори за New York Daily News.
„Тоа е како луксузна тврдина. Има вратар со полно работно време за само четири апартмани“, рекол изворот.
Апартманот, исто така, содржи шест бањи и живописен поглед на Медисон Сквер парк.
Шемата на бои во главно се состои од бели ѕидови, под на бледо дрво, и неутрален тон на мебел кој се истакнува од темното дрво.