Истражувачи од Вејк Форест Универзитетот го развиле енергетскиот извор на иднината – облека. Тие создале ткаенина која е составена од пластични влакна и јаглеродни наноцевки кои ги претвараат малите температурни промени на вашето тело и околината во електрична струја.
{youtube}I2p_KWsBiqs{/youtube}
„Ние трошиме големи количини на енергија во форма на топлина. На пример топлотната енергија создадена од автомобилски мотор би можела да биде употребена за намалување на потрошувачката на гориво и да обезбеди доволно енергија за радиото, климатизерот и системот за навигација,“ изјавил студентот Кори Хјуит. „Генерално термоелектриката е недоволно развиена технологија за создавање на енергија иако постои голем потенцијал.“ [Researchers create fabric that converts body heat into electricity]