Титаник со малку поинакви актери

Претставниците на YouTube каналот Pasdidee создадоа видео во кое клучните сцени од филмот “Титаник” ги толкуваат мачки.

Авторите на видеото го нарекле своето уметничко Ticatnic, а домашните животните мајсторски ги извршуваат улогите на Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.

Според приказната на видеото мачките се запознаваат, се вљубуваат, а потоа трагично загинуваат заедно со другите патници на “Титаник”, кои сепак не се присутни во кадрите.

Претходно претставниците на Pasdidee направија мачји верзии на филмот “Психо” на Хичкок и филмот на Дизни “Кралот Лав”. Првото видео се нарекува Psycat, вториот – Le roi chaton.

Изгледајте го целото. Содржи сцени кои нема шанси да не ве натераат да се изнасмеете на глас 😀

- Реклама -