Репликата на потонатиот “Титаник”, ќе го направи своето прво пловење во 2018 година, соопшти австралискиот милијардер Клајв Палмер, чија што компанија Blue Star Line се појавува како спроведувач на проектот.
Новиот брод ќе биде со должина од 270 метри и висина од 53 метри. Широчината на Титаник 2, ќе е за речиси 4 метри повеќе од познатата. Бродот ќе располага со 840 кабини, во кои ќе можат да бидат сместени 2.400 патници и 900 членови на екипажот.
Се очекува при своето прво пловење Титаник 2 да замине од источната кинеска покраина Jiangsu и да се насочи кон Дубаи. Уште нема конкретни информации за цената на билетите за пловењето, но богаташите се подготвени да платат по 900 илјади долари за место во првата класа. Изградбата на репликата на Титаник се очекува да чини околу 434 милиони долари.
Потсетуваме дека бродоломот на Титаник е најголемата катастрофа по бројност на жртвите во историјата на бродовите, откако од 2207 лица се спасија само 705.