Тирион за книгите

Џон Сноу: Зошто толку читаш?

Тирион Ланистер: Ако се родев како обичен селанец, можеби ќе ме оставеа во полето да умрам или, уште поверојатно, ќе ме продадоа на некој циркус. Но, роден сум како Ланистер од Кастели Рок и патувачките циркуси имаат за што да жалат. Од мене се очекуваат одредени работи. Татко ми речиси дваесет години му беше десна рака на кралот. Подоцна излезе дека брат ми  го уби истиот тој крал, но нели, животот е полн со тие малечки ирониички. Сестра ми се омажи за новиот крал, а мојот одбивен внук ќе стане крал по него. Јас морам да го дадам својот придонес во угледот и во честа на мојата куќа, зар не се согласуваш? А како? Можеби нозете ми се многу мали во однос на телото, но главата ми е преголема, макар што јас мислам дека е доволно голема за мојот мозок. Јас одлично знам која ми е слаба страна, а која силна. Моето оружје е умот. Мојот брат го има својот меч, кралот Роберт својот бездоган, а јас, јас го имам својот ум…а на умот му се потребни книги, исто како што на мечот му е потребен камен за точење за да остане остар. Затоа толку многу читам!

Џорџ Р.Р Мартин

- Реклама -