Тираносаурус Рекс ловел во глутници

Т-РексТираносаурс Рекс и неговите роднини биле поинтелигентни отколку што научниците мислеа претходно и ловеле во групи заедно со младите и старите членови. Научниците мислат дека имаат докази дека врвниот предатор помеѓу диносаурусите биле интелегентни социјални животни и покрај тоа што истите најчесто се претставени како опасни но глупави самотници.


Истражувачите велад дека овој мит пораснал бидејќи многу години нивните фосилизирани скелети биле наоѓани сами. Новата теорија е резултат на анализа на скелети од тираносауруси Тарбосаурус Батаар од 90 локации во пустината Гоби во Монголија. Тарбосаурусот е роднина на Тираносаурус Рекс кој живеел пред околу 70 милиони години и бил двоножен предатор долг 12 метри и тежок околу пет тони.

Најмалку 6 животни изгледаат како да припаѓале на истата социјална група, во која имало и возрасни и млади кои умреле заедно. Предводникот на истражувањето, професор Филип Кури, открил уште можни докази за друштвено однесување кај предаторите на претходна експедиција во Канада. На локација кај реката Ред Дир во Алберта неговиот тим открил коски од околу 24 примероци на Албертосаурус.

Тогаш немало доволно докази за тоа дека диносаурусите припаѓале на иста група, но неколку од скелетите од Гоби биле најдени еден крај друг во истиот слој на камен, што наведува кон заклучок дека тие умреле заедно. Повеќето експерти претпоставувале дека ловењето во група еволуирало со подемот на цицачите. Тие мислеле дека диносаурусите не биле доволно интелегентни за да се однесуваат како денешните волци.

Но според професор Кури од Универзитетот од Алберта, тираносаурусите ги имале сите потребни квалификации за ловење во глутници, брзина, развиени сетила и високо развиен мозок. Понатамошно истражување на черепите со компјутерска томографија навестувале кон високо развиени сетила за лов, и доволно интелегенција за координирано групно однесување.

Научниците велат дека три димензионални калапи од черепи на тираносауруси покажале дека нивните мозоци биле околу три пати поголеми од останатите диносауруси од истиот период. Професорот верува дека тираносаурусите најверојатно ловеле во групи во кои младите и старите единки имале различни улоги. Побрзите, поагилни млади диносауруси најверојатно го бркале потенцијалниот плен, додека постарите единки ги извршувале смртоносните удари.

„Јас верувам дека Тираносауридите биле далеку покомплексни и поопасни отколку што претходно мислевме“ изјавил професор Кури, чија теорија и истражување се предмет на нов документарен филм “Dino Gangs”. „Верувам дека тираносауридите ловеле во смртоносни, крволочни глутници.“ [Tyrannosaurus rex hunted in bloodthirsty packs, researchers claim]

- Реклама -