Тирамису коцки кои ќе ви го направат викендот посладок

Викенд. Идеално време за подготовка на некој нов, сладок рецепт, кој освен што ќе ги збогати вашите кулинарски вештини, пријатно ќе ги изненади и вашите најдраги. Во продолжение ви нудиме еден навистина вкусен рецепт за тирамису, кој со сигурност ќе ви го разубави овој тмурен ден.

Состојки:

– 4 жолчки
– 100 гр шеќер во прав
– 450гр крем сирење
– 400 мл слатка павлака
– мало пакување бисквити
– сварено кафе
– малку рум
– малку какао

Подготовка:

1. Одвојте ги жолчките од белките, па жолчките со половина од шеќерот во прав матете ги околу 15 минути на пареа.

2. Одвоено изматете ги слатката павлака со преостанатиот шеќер во прав.

3. Kога жолчките ќе се изладат, соединете ги со слатката павлака. Додадете го крем сирењето и добро измешајте со миксер. На изладеното кафе додајте му рум. Во сад прво турете половина од изматената смеса и врз неа наредете бисквити претходно намакани во кафе.

4. Кога цела површина ќе ја покриете со бисквити, нанесете ја одозгора преостанатата смеса или крем.

5. Попрашете со какао (или доколку сакате можете да употребите и ситно рендано чоколадо) и ставете го фрижидер да се олади.

Уживајте!

- Реклама -