Типови на жени: Кој се крие зад маските?

Актерки по природа, жените во живот играат едни или други улоги независно од професијата, тврдат психолозите. Кои сте вие. Дали сте само една од овие типови на жени, или се маскирате и претопувате во други зависно од интересот, искуството или ситуацијата? Сепак во некое од нив сигурно најмногу ќе се пронајдете.

Грижлива „мајка“

Таа практично не мисли за себе, а  нејзина грижа во овој живот се саканиот човек и нејзините деца, доколку ги има. Станува прва со  петлите за да подготви здраво јадење. Таа се грижи за сите да не настинат, да не останат гладни… Со вакви жени обично се женат мажи кои  биле лишени од мајчинската љубов и грижа или пак нивната мајка била авторитет во домот. Со текот на времето во семејството на грижливата девојка – мама нужно почнуваат да се јавуваат проблеми, бидејќи со годините станува се повеќе и повеќе напорна. Постојано се жали дека нејзините се однесуваат со неа како со робинка и дека и должат повеќе почит. Ете, таа прави за нив  сè за нив, а тие … Интимните односи во таква двојка се далеку од совршенството, бидејќи „мајката“ ретко обрнува доволно внимание на својот изглед, а сексуалноста ја смета за нешто валкано и недостојно за една домаќинка. Поради оваа причина сексот се случува под ќебето, со изгаснато светло, а   еднаш во месецот е сè на што може да смета нејзиниот сопруг.

Вечно дете

Таа е детски непосредна, мила и беспомошна, па дури на 35 повеќе личи на тинејџерка отколку на зрела жена. Ги обожува најсветлите сексапилни облеки,  убавата козметика и колачите. Сака некој да се грижи за неа и во буквална смисла на зборот да ја носи на раце. Баровите, рестораните, најгласните места се единственото нешто што ја интересира вистински, но алиштата, чистењето и слично со задоволство ги игнорира. Заедно со „вечното дете” мажот се чувствува весел и семоќен. Особено ако самиот тој одамна е излезен од помладите години  и располага со доволно средства за да ги задоволи барањата на каприциозната сакана. Тој трча по полноќ да и купи сладолед, бидејќи знае дека за награда ќе добие неверојатен секс. Наутро со задоволство ќе им раскажува на пријателите и блиските колеги дека повторно не е наспан. И сето тоа би било прекрасно, а животот – бесконечен празник, ако работите не завршат со појавата на вистинско дете во семејството.

Жена материјалист

Таа се стреми се да е како на холивудска ѕвезда, па дури и под  пиштол не би се согласила да излезе во старите фармерки и без  шминка. Поголемиот дел од своето слободно време го поминува во козметичките салони, фитнес-клубовете и модните продавници. Нејзиното животно мото  е дека треба да изгледа секогаш како извадена од кутија. Фаталната жена е збркана на тема секс и љубовни романи – за неа тие се нешто како инструкција за дејствување. Впрочем таа и без нив знае како да им се допаѓа на мажите. Оваа категорија жени се особено опасни, бидејќи се одликуваат со неверојатна несериозност. Денес се со еден маж, утре – со друг. Тие остават зад себе скршени срца како кога купуваат нов фустан. Но тоа не треба да ве изненадува, бидејќи жената која ја избрала оваа улога, бара целосна слобода на дејствување и не ги почитува чувствата на другите. Но да бидеш ваква жена  е и опасен имиџ  – зашто можеш да изгубиш луѓе кои навистина те сакаат, и да останеш со празни раце.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

519a03fb7b6ce92350

Бизнисменка

Таа не се интересира за ништо освен за својата работа и е подготвена да и ‘се посвети целосно. Зошто е така? Поради фактот дека само преку кариерата оваа жена може да обезбеди финансиска независност, што ја направи вистински среќна. Таа има стан, автомобил, скапа гардероба и последен модел мобилен телефон. Единственото нешто што нема, е личен живот, а и тешко би можела да си го обезбеди ако од 8 до 24 часа се наоѓа во канцеларија. Самостојните, паметни и самоуверени бизнисменки страшно многу им се допаѓаат на мажите, но животот со таква жена не е за секого. Нејзините барања се превисоки, а за да им одговори, мажот треба да биде херој, кој ја почитува нејзината независнот. Подготвен ли е секој на тоа?

Машка девојка

Таа ја игра улогата на машка девојка. Носи само фармерки и маици, не користи никаква козметика и претпочита едноставна фризура. Таа е паметна и самоуверена. Умее да ги слуша и разбира мажите, а тие многу го ценат тоа. Тие доаѓаат, пијат шише пиво, разговараат за проблемите, а на поздравување може да ја бакнат во образ и да кажат: „Ти толку добро ме разбираш!”. Потоа да исчезнат половина година. Ако сепак таква жена успее да се омажи, таа создава идеално семејство базирано на принципите на заедничките интереси и взаемното почитување.

- Реклама -