Во очи на масовните пукања и загинатите деца во школите во САД, Фејсбук постот на една американска мајка ги бранува срцата како цунами. Не толку поради мајката, туку поради детето.
А зошто велиме дека муабетот е типично американски? Прво, затоа што мајката и синот се црни, а мајката автоматски претпоставува дека причината за тоа што ќе го чуе е расизам. Второ, затоа што деца во наводно најсјајната земја на светот мораат да размислуваат вака како во разговорот во продолжение.
* * *
„Сабајлево на пат кон работа/школо зборував со мојот син (петтоодделенец). Сакав да се осигурам дека тој и неговите соученици ги сфаќаат вежбите за безбедност сериозно, а не како прилика за дружење и зезање“, раскажува мајката.
Муабетот се одвивал вака:
Мајката (Tanai Benard): Вежбавте ли „lockdown“ вежби, или уште не?
Синот (Дезмонд): Мислиш вежби за напад од активен пукач?
Мајката: Да.
Дез: Да, вежбавме.
Мајката: И, што викаат? Што треба да правиш?
Дез: Наставничката треба да ја затвори и заклучи вратата, и да стави црна хартија на прозорчето на вратата. Потоа јас и три други деца треба да ја избуткаме клупата и да ја блокираме вратата. Потоа класот треба да застане зад нас на задниот ѕид.
Мајката: КЛАСОТ ТРЕБА ДА ЗАСТАНЕ ЗАД КОГО?
Дез: Зад мене и три други момчиња. Ние стоиме напред, а другите зад нас.
„Зоврев од 0 до 100 за секунда. Моето дете е едно од само две црни деца во класот од 23. Веднаш помислив: Зошто моето црно дете е ставено во првиот ред? Па го прашав, пред било што од тоа да речам на глас“, продолжува мајката.
Мајката: Зошто тебе те избраа да стоиш пред сите други ако дојде напаѓач во вашето училиште?
Дез: Не ме избраа. Се пријавив доброволно за да ја истуркам клупата и да ги бранам другарчињата.
Мајката *со инстантен нагон за повраќање*: Дез, зошто си волонтирал за такво нешто?
Дез: Ако се случи такво нешто, подобро да бидам тој што умрел бранејќи ги другарчињата, отколку целиот клас да умре, а јас да бидам единствениот што ќе преживее.
„Господе боже, ми требаше целата сила за да не попуштам и да прснам од плачење. Уште имам грутка во грлото. Има само 10 проклети години, а ова им поминува низ главата на нашите деца во Америка…“, заклучува мајката, која и самата е учителка.
Ова е малиот: