Лахлан Конорс играл лакрос за своето училиште кога ја удрил главата при пад на земја и добил потрес. Иако почнал „чудно да се однесува“, набрзо му било дозволено да се врати на спортот, кога по кратко време доживеал уште еден потрес што го пратил во болница на неколку недели. Последиците биле сериозни – епилептични напади и мини-халуцинации.
И додека сите биле тажни поради фактот што тој нема да може повторно да спортува, Конорс сфатил дека одеднаш знае да свири на музички инструменти, речиси труд. Неговата мајка, Елзи Хамилтон, тврди дека пред несреќата тој никогаш не пројавил музички талент. Но сега, во средно школо, Конорс свири на 13 инструменти, вклучувајќи шкотски и ирски гајди, пијано, гитара, мандолина и каримба.
Според неговиот доктор, Спиридон Пападопулос, Конорс преживеал сериозна несреќа. Неговата теорија е дека музичкиот талент се криел некаде во мозокот, а несреќата придонела за реповрзување на одредени нерви, што ја ослободило новооткриената вештина.
Конорс не знае да чита ноти и ги свири сите инструменти исклучиво по слух. И додека некои се сомневаат, Конорс е убеден дека токму повредата е заслужна за неговите музички успеси. „Нешто се промени, и му благодарам на Господ што се случи тоа“.
Дали е навистина така, останува медицинска мистерија.