Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори експресно (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на првиот грен слем во 2025 година Австралија Опен.

Ѓоковиќ кој ја има улогата на седми носител беше подобар од американскиот тинејџер, Нишеш Басавареди кој се наоѓа на 107 место на АТП листата. Американецот покажа заби и го изненади фаворитот во првиот сет добивајќи го со 6-4. Во вториот Ноле почна подобро да се снаоѓа, да ја чита играта на противникот и со брејк во осмиот гејм дојде до 5-3 и потоа сигурно отсервира за 6-3 и 1-1.

Големиот грен слем шампион потоа го искористи своето искуство и со 6:4, 6:2 обезбеди место во наредната рунда каде го очекува Жаиме Фарија од Португагалија.

- Реклама -