Сиромашниот Самид Бошиќ живее во Дубица во Босна и Херцеговина. Тој наскоро ќе биде многу изненаден кога од болница ќе се врати дома. Имено, младите волонтери од Здружението на млади „Фокус“ целосно му ја реновирале куќата додека тој престојуваше во болницата.
Оваа група млади луѓе објави фотографии на својата официјална Фејсбук страница и докажаа дека хуманоста и добрите дела навистина постојат.
Тие додадоа дека во целиот проект им помогнале роднините од странство, поточно Амир Нахиќ кој веднаш се сложил со идејата да му помогнат на старецот.Тие работеле осум дена, а помогнале вкупно осум волонтери. Доаѓале во зависност од своето слободно време.