Популарната апликација за запознавање и пронаоѓање партнери, Tinder, доби ноќен режим, тн. „Dark mode“.
Генерално, Tinder и сличните платформи преферираат да користат светли бои покрај пастелните нијанси, за да дојдат до израз фотографиите на корисниците.
Сепак, сè повеќе апликации се одлучуваат за Dark mode бидејќи корисниците често ги користат пред спиење. Така, и Tinder реши да им овозможи „позатемнето“ искуство на своите корисници.
За да го ја вклучите Dark mode Опцијата, во апликацијата отворете го вашиот профил со кликнување на иконата во долниот десен агол. Следно, одберете ја иконата со „запченик“ (Settings) за да ги внесете поставките. Оттаму, отворете „Appearance“, а потоа „Light Mode“. Таму ќе ја најдете и опцијата „Dark mode“.