Сега е на лидерите на ЕУ да разговараат меѓу себе за да ги сменат правилата на игра, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали Франција ќе го промени својот став за прашањето за проширување до мај до Самитот на Унијта во Загреб, за кога европските лидери најавија дека повторно ќе се навратат на темата.
Според францускиот амбасадор во Скопје, постои комплетна листа на точки поврзани со борбата против корупцијата, одвојувањето на државата од партијата, реформите во администрацијата и полето на медиумите.
Тимоние вели дека и земјава треба да исполни одредени задачи – успешни избори и закони за борба против корупцијата, за кои вели дека усвојувањето би било многу силен сигнал. Тој и со критика дека во земјава се одржуваат премногу избори.
– Пред се тоа што ние треба да го направиме е да разговараме меѓу нас за да ги смениме правилата на игра. Во исто време, ако вие од ваша страна може да направите напредок ќе биде уште подобро, посебно изборите да бидат успешни, што ќе биде еден знак повеќе за политичката стабилизација, рече Тимоние денеска во изјава за медиуми на Саемот за студии во Франција.