Дејвид Боуви сними нов спот во кој се појавуваат актерката Тилда Свинтон и контроверзниот манекен Андреј Пејиќ.
Видеото е за вториот сингл на Боуви „The Stars Are Out Tonight“ од неговиот нов албум кој се очекува на крајот на март, а ексцентричниот музичар остана доследен и кога се необичните спотови во прашање.
Во шестминутното видео се појавува актерката Тилда Свинтон, која глуми сопруга на Боуви, но и моделите Андреј Пејиќ и Саскиа де Брау.
[youtube]http://youtu.be/gH7dMBcg-gE[/youtube]