Tиква – Хранлива ризница на витамини и минерали

Тиквата, чие потекло се смета за Египет, некогаш не се користела само за јадење. Египќаните од неа правеле саксии и чинии, а се верува дека во Европа ја донел Колумбо, каде што првично се користела како храна за добитокот. Но тиквата во денешно време е многу затапена а има и бројни здравствени придобивки и причини зошто треба почесто да се наоѓа на менито.

Тиквата е здрава и полна со витамини
Бета каротенот во тиквата е моќен антиоксиданс. Го зајакнува имунитетот и го спречува развојот на малигни тумори. Тоа е карактеристично е за сите растенија кои имаат жива, силна боја (морков, портокал). Тиквата е богата со витамини Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, заедно со А витамин. Исто така, има фолна киселина и минерали (калиум, калциум, железо и фосфор). Во неа има и супстанции важни за подобро варење. Затоа оваа храна се препорачува за оние кои имаат проблеми со дигестивниот тракт. Тиквата е одличен диуретик, а корисна е и за оние кои страдаат од артритис и гихт.
Тиквата и нејзините семки се богати со магнезиум
Семките од тиква се ризница на магнезиум – тие содржат дури 48 проценти од препорачаната дневна доза потребна за возрасните. Доволните количини на магнезиум се важни за нашето целосно психофизичко здравје. Овој минерал помага и во регулирање на крвниот притисок и делува во спречување на срцев удар. Семките од тиква имаат поголема хранлива вредност и повеќе калории од нивното „тело“ (100 грама тиква има 500 калории).
Семињата се енергетска бомба, богата со витамини и железо
Семките од тиква содржат железо, цинк, бакар, манган, калиум и селен. Богати се и со витамини Б и Е, важни аминокиселини, триптофан и глутамат. Тие содржат многу протеини и добри масти. Комбинацијата на селен и провитамин А од телото на тиквата го штити организмот од дејството на слободните радикали и од малигни заболувања. Семките и маслото од тиква се корисни за машкиот дел од популацијата, особено во случај на зголемување на простатата. Исто така, јадењето семки од тиква може да ги олесни симптомите на отежнато мокрење. Се препорачуваат и за луѓе со анемија. Тиквата од органско одгледување има дури 40 отсто од потребната дневна количина на железо, па затоа е одлична за оние кои не јадат месо.
Кората од тиква е исто така исклучително хранлива
Хранливите материи од кората на тиквата најдобро се искористуваат ако се пече во рерна. Пред тоа, потребно е добро да се измие, или целата тиква да се чува во раствор од сода бикарбона околу дваесет минути. Потоа се сече тиквата на парчиња и се вадат семките. Потоа можете да премачкате со путер и да печете на 200 степени до 40 минути.

Извор