Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на Евровизија што следната година ќе се одржи во Данска, објави Македонската Радио Телевизија.
Поп пејачката има долгогодишна и успешна кариера како во Македонија, така и во балканските земји, особено во Србија.
Со песната „Негатив“ победи на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови во 2002 година. Исто така, го освои првото место на Српскиот радиски фестивал во 2006 година со песната „Јулијана“.
Тијана има издадено 5 албуми: Како да (2000), Негатив (2002), Земја мојих снова (2004), Жута минута (2007) и Музика (2010).