Тијана Дапчевиќ за српските медиуми откри интересни моменти од животот во Скопје.Таа во земјава поминала прекрасно и безгрижно детство, а на училиште била добар ученик и редела само петки, се до втората година средно, кога ја добила првата четворка. А како ја преживеала таа непријатност, раскажува во емисија на Гранд телевизија.
„ Дури во втората година во средно, ја добив првата четворка, ја скратив косата, и до ден денешен страда. Тогаш добив четворка по хармонија, тоа ви е музичка математика и не можев да дојдам при себе, па се ишишав. Кога влезе мајка ми во собата, ми рече само: Добро е, ќе порасне“, раскажува насмеана пејачката.
Како тинејџерка не се интересирала многу за спротивниот пол, а тогаш го запознала Милан со кој и денес ужива во хармоничен брак.
„Секогаш се поставував како да сум им другар од војска. Затоа велам дека сум се родила кога го запознав Милан Дапчевиќ“, ги завршува Тијана своите сеќавања.