Според едно ново истражување, колку и да се неодговорни и да ве нервираат, луѓето што доцнат као не треба да се обвинуваат, зашто всушност не се тие виновни, туку се болни и за греотка.
Авторите тврдат дека докажале дека хроничното доцнење може да е последица на повеќе психички пореметувања, од кои и депресијата.
„Слични на нив се и луѓето што постојано ги гланцаат своите кондури или ги прекинуваат другите додека зборуваат, но и луѓето кои не можат да контролираат одредена навика“, вели професорот по психологија на универзитетот во Мичиген – Ричард Низбет.
Фала богу, не сите експерти се согласуваат.
„Хроничното доцнење не е заведено како посебна состојба на Листата на ментални болести. Се согласувам дека може да биде карактеристика на некои пореметувања, како што е ADHD. Сепак, може и да биде само лоша навика. Непримерно е секојдневното човечко однесување да го набљудуваме како медицинска состојба“, вели д-р Шери Џејкобсон.
Во меѓувреме, твитот што најдобро во историјата го опишува доцнењето (ќе ни прости авторот што не ни текнува кој беше). Гласи вака:
– Извини што доцнам, не ми се доаѓаше.
Јас би додал и: …зашто тоа што живеам во модерно време го плаќам со имање на куп банални обврски што не ми оставаат доволно време за сите забавни нешта што сакам да ги правам и не сакам да ги прекинам сé до последен момент, затоа што се многу поинтересни од доаѓањето на време. И ги има многу… А не дека сум болесник. А вие слободно пишете ме во тие вашите листи.