Актерката Софија Вергара и нејзиниот вереник Џо Манганиело планираат летна свадба.
42-годишната актерка и модел, призна дека сака да се омажи за него што е можно поскоро.
„Двајцата веќе зборуваат за голема летна свадба “, откри извор близок до двојката.
„Тие сакаат бебе, но за нив е важно прво да станат сопружници”, додава тој.
38-годишниот Џо никогаш порано не бил женет, ниту има деца.
„Ова се двете најголеми соништа кои конечно стануваат вистина. Тој им го должи сето тоа на својот разум и доверба “, велат негови блиски пријатели.
Софија веќе има еден брак зад себе, од кој има 22-годишен син.
„Џо се разбира одлично со него и ќе биде прекрасен татко. Маноло веќе гледа на него како на татко “,
Наводно, двојката исто така бара нова куќа за нивното „растечко семејство”.